Психолозите тврдат дека родителите не треба да имаат другарски однос со децата. Тие потенцираат дека таквиот однос може да се прифати само доколку мајката и таткото поминуваат прилично долго време со децата, отворено разговараат со нив и се блиски.
Другарскиот однос подразбира еднаквост и реципроцитет, а тоа не е карактеристика на односот родител – дете.
Авторитетот не значи дека децата треба без поговорно да ги слушаат и извршуваат наредните на родителите. Според психолозите најдобро е родителите покрај цврстата контрола да пружаат и емоционална топлина, љубов и поддршка. Од таквиот однос децата стануваат љубопитни, креативни, сигурни во себе и одговорни.
За разлика од тоа, строгата контрола на родителите без емоционална поддршка создава несигурно, често и агресивно дете.
Психолозите потенцираат дека на детето треба да му се постават граници и да се научи да ги почитува правилата. Родителот може да го праша детето за мислење, а тоа да каже што му се допаѓа а што е не, но родителот треба да одлучува за важните прашања.
Исто така, е погрешно кога родителите во детето гледаат пријател, соговорник и сојузник и му раскажува за своите проблеми. Психолозите истакнуваат дека детето нема капацитет да ги сфати проблемите на родителите и затоа е подобро тие за тоа да разговараат со нивни врсници.