Предложени парични казни за шестмина скопјани кои го прекршиле полицискиот час

Од:

Надлежен јавен обвинител за шестмина скопјани предложил парични казни од 100 дневни глоби од по 20 евра во денарска противвредност пораки непочитување на полицискиот час, информира јавното обвинителство.

Како што свои во соопштението од ЈО, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против шест лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите, појаснува обвинителство, биле затекнати при непочитување на полицискиот час. Спротивно на одлуката со која се забранува движење на населението во одредени делови на денот како мерка за превенција на ширењето на коронавирусот, тие без дозвола се движеле на различни локации во градот.

Би можело да ве интересира

Прогласен e полициски час во центарот на Лос Анџелес

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска

Велешкото обвинителство предложи казни од по 800 евра за 10 лица за непочитување на полицискиот час

Ана Ололовска

Предложени парични казни против три лица за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска