Како Валентина Божиновска се закануваше против СДСМ на „ноќта на долгите ножеви“, а сега ќе го советува министерот Османи

Од:

„Ме прашуваат, што се случува Валентина? Им велам, оваа вечер, е вечер на ножевите, оваа вечер е вечер или на разумот или на лудилото на еден човек – на последниот македонски предавник Зоран Заев“.

Со оваа заканувачка реторика, Валентина Божиновска, поранешна директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религозни групи и ексфункционер на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати пред насобраната толпа за време на изборите во 2016 година, пред Државната изборна комисија.

Со изјавата за „ноќта на долгите ножеви“, Божиновска остана запаметена како еден од партиските членови на ВМРО-ДПМНЕ со најжестоки критички напади против актуелната власт. Денеска, на големо зачудување на јавноста, таа се најде на листата членови на Стратешкиот совет за надворешна политика, односно ќе го советува министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Божиновска во 2016 година се правдаше дека на протестот на ВМРО-ДПМНЕ пред ДИК не го спомнала терминот „Ноќта на долгите ножеви“ што е настан од нацистичката историја кога Хитлер наредил егзекуција на неговите неистомисленици и противници при што биле заклани над 80 луѓе.

„Најостро ги демантирам и категорично ги отфрлам извадените зборови од контекст од мојот говор. За жал, тие што не го читале Анте Поповски и останатите македонски поети, не знаат за што станува збор. Во ниту еден момент не спомнав „ноќ на долги ножеви“, напротив зборував дека СДСМ и ДИК подготвуваат ѝ забиваат нож на демократијата и на силната волја и слободниот избор на граѓаните на Р. Македонија кои одлучија на предвремените парламентарни избори“, изјавуваше тогаш Божиновска.

Таа во 2017 година, жестоко ја критикуваше и таканаречената „Тиранска платформа“, како што ја нарече ВМРО-ДПМНЕ.

„Ние овие три години практично живееме под туторство на државните удари на Верушевски, СДСМ, на Зоран Заев со Тиранската платформа, и со обележување и печат на Тиранската платформа која е заверена во Албанија, а потврдена во Косово“, изјавуваше поранешната пратеничка и тогашен претседател на Комисијата за односи со верски заедници, Божиновска, а откако ДУИ, Беса и Алијансата за Албанците во јануари 2017, за Божиќ, објавија декларација од седум точки во која „се согласуваат за заемна поддршка на заедничката политичка агенда која предвидува реализација на повеќе цели, во идниот владин мандат и/или во секој понатамошен мандат“.

Ова не е првпат Божиновска „да ги менува страните“. Таа во 2006 година Никола Груевски го нарече „лажливец и човек кој сече глави, кој особено, сакал да ја исече главата на Љубе Бошкоски, потсетувајќи на становите што ги поседува Груевски.

Но, и покрај тоа, Божиновска, од најголем подржувач на Љубчо Георгиевски, го смени партискиот дрес и влезе во тимот на Никола Груевски.

Керим, Орце Камчев и Станисављева како дел од поранешното раководство на МПМ

Како Божиновска сега се најде во Стратешкиот совет на Бујар Османи, останува нејасно, исто како што останува и нејасно членството на Срѓан Керим, поранешен министер за надворешни работи кој беше дел од истрагата за злоупотребите во „Медиа Принт Македонија“ под чија капа беа трите дневни весници, „Дневник“, „Утрински весник“ и „Вест“. Тој беше еден од двајцата осомничени во случајот на СЈО за дела поврзани со згаснатата медиумска компанија.

Членови на советот се и Марјан Ѓуровски, Нами Ружин, Денко Малевски, Марко Трошановски, Ивана Туфегџиќ, Гордан Горгиев, Лазар Еленовски, Живко Мукаетов, Виктор Габер, Ајдован Адемовски.

„Ова ќе биде советодавно тело на Министерството за надворешни работи. Се работи за квалитетни луѓе, добри познавачи на надворешната политика. При изборот внимавав да добиеме широка експертиза, да бидат лица кои се ослободени од притисокот на дневната политика. Спремен сум да ги вкрстиме различните ставови за да изградиме заеднички став. Членовите ќе работат беа паричен надоместок за нивниот ангажман”, рече денеска Османи на прес-конференција.

Би можело да ве интересира

Османи: Рамковниот договор е најуспешниот мировен договор на Западен Балкан

Владата се сомнева во искреноста на Османи кога дава предлози за решавање на проблемот со Бугарија

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Заврши едногодишното претседавање на Македонија со ПСЈИЕ – Тирана e иден претседавач

A1on

Османи: Членство во ЕУ на сите учесници во ПСЈИЕ е гаранцијата за стабилноста и наш приоритет

Горан Наумовски

Османи: Преспанскиот договор е повеќе од договор за името, тоа е договор за стратешка соработка