Царовска договорила соработка за средно стручно образование со училишта од Истанбул

Од:

Обука на наставниот кадар како и размена на искуства и практики и поддршка во развој на нови профили за средните стручни училишта денеска биле договорени со средните училишта во Истанбул при посетата на министерката за образование и наука Мила Царовска и другите претставници на делегацијата кои се во официјалната посета на Турција.

-Нашите две држави имаат позитивно искуство на соработка помеѓу училиштата и заеднички проекти и таа соработка ќе се продлабочува, истакналае Царовска на средбата.

Од МОН соопштија дека на состанокот на министерката Царовска и другите претставници денеска со истанбулскиот директорат за образование под чија надлежност се три милиони ученици и 200 илјади наставници биле разменети искуства од сферата на образовните политики и разгледани можностите за зајакнување на соработката во делот на основното и средното образование помеѓу двете земји.

За време на посетата Царовска остварила министерски состанок во Анкара, средба со претседателот на Големото Собрание на Турција, состанок во централата на ТИКА, како и посета на Универзитетот Тракија во Едрене и средби со претставници на повеќе директорати за образование.

Во делегацијата на Република Северна Македонија се и заменик министерот Арафат Шабани и државниот советник за образовни политики Ѓонул Бајрактар.

Би можело да ве интересира

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето

(ВИДЕО) Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46 отсто

Горан Наумовски

Филипче: Само 5% покачување плати за наставниците е обид да се намали гневот

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците