Во пресрет на средбата на бразилскиот претседател Дилма Русеф со лидерите на протестите и со претставници на регионалните и локалните власти, илјадници лица попладнево почнаа да излегуваат на нови протесни собири ширум Бразил.
Демонстрантите го блокираа пристапот кон најголемото бразилско пристаниште во градот Сантос во сојузната држава Сао Паоло, а информации за протести доаѓаат и од четири други бразилски држави.
Кабинетот на Русеф, информира дека цел на нејзината средба со претставниците на демонстрантите и со гувернерите на сојузните држави и градоначалници на поголемите градови, е да се разгледаат мерки за подобрување на јавните услуги и за борба против корупцијата.