Си и Путин преку видео врска присуствуваа на почетокот на изградбата на нуклеарни постројки

Од:

Претседателите на Кина и Русија, Си Џинпинг и Владимир Путин, на церемонијата на изградба на билатерален проект во областа на нуклеарната енергија, вчера преку видео врска ја поздравија соработката меѓу двете земји во областа на нуклеарната енергија.

Со церемонијата се одбележа првиот ден од изградбата на капацитетите број 7 и 8 на нуклеарната централа „Тијанвен“ и на објектите 3 и 4 на нуклеарната централа „Сјудапу“, пренесе кинеската медиумска група (ЦМГ).

Си, во своето обраќање, повтори дека Кина посветува големо внимание на енергетската соработка со Русија, бидејќи тоа е традиционална област на соработка меѓу двете земји. Тој го поздрави почетокот на изградбата на двете нуклеарни централи и истакна дека енергетските проекти се пример за билатерална соработка во други области.

Истакнувајќи дека билатералната соработка во областа на нуклеарната енергија е важна за развојот на кинеско-руското сеопфатно стратешко партнерство за координација за новата ера на високо ниво, Си кажа дека се надева дека двете земји ќе го следат здравиот разум и ќе спроведат поефикасна соработка и во другите области.

Кина и Русија во јуни 2018 година, со присуство на двајцата претседатели, го потпишаа стратешкиот пакет договори за нуклеарна енергија за заеднички изградба на четири нуклеарни постројки, од кои два најголеми досега, со вкупна вредност на договорот од над 20 милијарди јуани (околу три милијарди долари).

Сите четири нуклеарни постројки ќе ја користат третата генерација на реакторот ВВЕР-1200 развиен од Русија. Во споредба со претходниот реактор ВВЕР-1000, најновиот реактор ВВЕР-1200 има предности во многу аспекти, наведува руската државна корпорација за нуклеарна енергија Росатом.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми