ВМРО-ДПМНЕ: Народот остана без леб, ама за Заев е најважна инвестицијата во плантажите на марихуана

Од:

„Зоран Заев не прави ништо како премиер освен што ги троши парите на народот. Немаме за вакцини, но имаме за нови и измислени институции, вработувања, возила и трошења.

Формирањето на Агенција за канабис ќе значи нов трошок за граѓаните. Од буџетот, од парите на граѓаните, од нивниот џеб ќе се плаќаат нов директор, негов кабинет, секретарка и трошоци за тоа, шофер за истиот и возило, но и десетина или стотина нови вработени“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Нема пари за болнички возила, вакцини и друг потребен материјал, ама затоа има за нови институции кои имаат една единствена цел – заштита на бизнисот на Зоран Заев.

Фамилијата Заеви е длабоко замешана во бизнисот со марихуана, а шоферот на Трајче Заев беше фатен и во шверц на истата.

За шверцот со марихуана пишуваше и Гласот на Америка на македонски јазик, според кој Македонија, особено струмичкиот регион се место од каде се шверцува марихуана во Грција.

Македонија станува Колумбија на Балканот, а Заев става рака врз бизнисот со марихуана во целост, и затоа страдаат граѓаните, кои чекаат лекови и инсулин, затоа што мора да има за новите институции на Заев за контрола на марихуаната“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ