ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски се обидува со конфузни изјави да манипулира со граѓаните

Од:

Оливер Спасовски се обидува со конфузни и нервозни изјави да манипулира со граѓаните. Ако има внатрепартиски проблеми за што посочуваат експертите и јавноста тоа треба да го решава тој, како генерален секретар, а не виновник да бара во ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Спасовски.

Во писмената реакција посочуваат дека во време на СДСМ токму во сегментите на здравството и образованието владееше хаос и корупција.

– Денес во здравството се вложени 100 милиони евра во нова опрема, а уште толку во санација и иградба на здравствени објекти. Набавени се 70 нови комплетно опремени возила за итна медицинска помош, поевтинети се цените на огромен број на лекови и нема повеќе празни аптеки како во времето на СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во сферата на образованието, како што нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ, воведено е бесплатно и задолжително средно образование, обезбеден е превоз и сместување на учениците од основните и средните училишта, обезбедени се бесплатни учебници, драстично намалена е партиципацијата за запишување во државните универзитети, а дополнително се отворени два нови универзитети со десетина нови факултети низ градовите во Македонија со што образованието стана достапно за сите.

– Оливер Спасовски и неговите функционери од СДСМ секојдневно ги користат овие бенефити кои ги донесе Владата, но не сакаат да признаат дека во 20 години владеење на СДСМ немаат направено ни приближно колку Владата на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ

Предраг Петровиќ

Стојаноски: Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Предраг Петровиќ

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ признаа договор за мигранти за пари, ја предадоа Македонија!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ активно се борела против мигрантите и мигрантските кампови, кои претходната влада на СДС и Заев сакаше да ги направи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ако сака да функционира како сериозна политичка партија има можност

Горан Наумовски

СДСМ: ДПМНЕ не ја потпишува Резолуцијата затоа што има скриена агенда за мигранти

Горан Наумовски