ВИДЕО: Пресметка со секирa и пиштол во Нови Пазар, еден куршум погоди минувачка

Од:

Тежок инцидент се случи денеска среде бел ден во српскиот град Нови Пазар, каде двајца мажи, едниот вооружен со пиштол, а другиот со секира, се пресметуваа на плоштад пред очите на стотици сведоци, при што е ранета една жена, случајна минувачка.

Двајцата мажи прво влегле во расправија, која прераснала во физичка пресметка, во која едниот учесник, со иницијали М.И. извадил пиштол, а М.К. потегнал секира која ја носел во автомобилот, велат извори од полицијата за српските медиуми.

М.И. истрелал пет куршуми, од кои еден погодил минувачка во ногата. Таа е префрлена во болница и е надвор од животна опасност, според полициските извори.

На друга снимка се гледа како еден од двајцата мажи по пукањето ја носи секирата следен од зачудените минувачи, по што ја фрла на шеталиштето покрај новопазараскиот плоштад „Гази Иса-бег Исаковиќ“.

Двајцата учесници во инцидентот се уапсени.

Пред само неколку месеци, во Нови Пазар имаше сличен случај, во кој 31-годишна жена, која случајно се најде во центарот на градот за време на престрелка, исто така беше ранета.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Србија отвори фабрика за израелски дронови, најавени уште три низ земјата

(ВИДЕО) Безобѕирно возење на српските патишта – еден се движи со 185, а другиот со 211 километри на час

А1он

Бегалец од Србија уапсен во Виена – пред седум украде голема сума пари, па побегна во Германија

А1он

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Распишани се изборите во Србија на 25 октомври

A1on