Хрватскиот фудбалски тренер Зоран Мамиќ, кој во март годинава беше принуден да ја напушти клупата на Динамо Загреб поради одлежување повеќегодишна затворска казна, денеска е приведен во Босна и Херцеговина.
Мамиќ, како што јавија хрватските медиуми, е приведен во Меѓумурје, врз основа на црвена потерница распишана од Интерпол. Според истите извори, шансите за негова екстрадиција во Хрватска се мали, бидејќи тој поседува и босанско државјанство, исто како и неговиот брат Здравко Мамиќ, кој по прогласувањето за виновен од страна на хрватскиот суд, живее во Босна и Херцеговина како слободен граѓанин.
Браќата Мамиќ се осудени на вкупна затворска каза од 11 години и еден месец поради финансиски малверзации во време додека двајцата беа во раководните структури на актуелниот хрватски првак Динамо Загреб.