Милошоски: Со владата на Заев европска перспектива за Македонија не е можна

Од:

Зоран Заев е политичар на кој не може да му се верува, бидејќи тој се колнеше и во сопствените деца и видовме што направи. Денес се колне во идентитетот и јазикот и не е за ваерување, затоа што сметаме дека негов план е да ја стави во трговија етногенезата на идентитетот и етногенезата на јазикот на македонскиот народ, а тоа е погубно, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски при посетата на Кочани.

Според него најзагрижувачки е што Заев ја лаже јавноста дека сме добиле датум за почеток, а гледаме дека нема преговори.

„Прв пат Заев излажа во 2018 година и се сликаше во авионот и рече има датум, а тоагаш немаше вето од Бугарија. Денес има вето, а има и поголем проблем во Македонија тоа е корупцијата. Македонија е на 111 место, тоне во корупција“, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Милошоски посочи дека со Заев нема сериозна европска перспектива, односно дека тоа ќе биде можно само со смена на владата.

Би можело да ве интересира

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски