(ВИДЕО) Јанушев: Имаме сомнежи дека во МВР е местен тендер за пневматици и се фаворизирал еден понудувач со промени на спецификации

Од:

„Функционери од власта се обидуваат да местат тендери со изготвување на спецификации за набавки со што се фаворизира еден понудувач и однапред се исклучува можно пријавување на повеќе понудувачи.

До нас пристигнаа информации кои фрлаат сомнеж дека така „скроена“ спецификација е направена при распишување на оглас за набавка на пневматици од страна на МВР, кој бил распишан на 09.10.2019 година, а за кој имаме сомнежи и информации доставени од свиркач дека помошник министерот во МВР задолжен за јавни набавки – Андријана Савеска Павловска, вршела притисок врз лицата кои го изготвуваат огласот да ја променат спецификацијата, со што таа би можела да фаворизира еден понудувач“, рече Игор Јанушев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

„Инаку, Савеска Павловска е поставена на функцијата пред нецела година и според нашите информации вршениот притисок е регистриран и пријавен и за него постои службена белешка во МВР.

Посочената Савевска Павловска во тој момент не била надредена на лицето кое ја подготвувало тендерската документација и огласот, а за ваквиот притисок е известен и тогашниот помошник министер кој е сега во пензија, но реакција од МВР нема.

Што се случува со овој случај?

Имено, со одлука на МВР тендерот е добиен од страна на „Пнеуматик Груп“ ДОО Скопје, врз основа на најниска понуда, но по жалба од „Мотоцентар“ жалбата се усвојува и се враќа на повторно одлучување, по што МВР повторно одлучува исто и повторно го избира „Пнеуматик Груп“ ДОО Скопје. „Мотоцентар“ уште еднаш се жали, но повторно неуспешно, за на крај МВР да ја поништи постапката и повторно да распише нов оглас.

На новиот оглас кој е распишан на 16.03.2021 година, погодувате, повторно е избрана фирмата „Пнеуматик Груп“ ДОО Скопје, а оваа одлука повторно е во постапка по жалба.

Дали и како ќе постапуваат надлежните институции останува да видиме!“, изјави Игор Јанушев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски