Директорката на МАА сведочеше во ,,Меѓународен сојуз”

Од:

Директорката на Македонска авторска агенција, (МАА) Нина Старделова, денеска беше сослушана како сведок во предметот „Меѓународен сојуз”. Предложена од одбраната таа објаснуваше како функционира агенцијата што ја води, а за соработката со невладината „Меѓународен сојуз” наведе дека била според закон.

– Договорот меѓу ,,Меѓународен сојуз” и ,,Пелистер” не го сметавме како авторски. Данок беше платен полн. Исто беше постапено и за договорот со ,,Дрим билдинг”. Го пресметавме данокот, го платија и ние го уплативме нето износот, изјави сведокот Стардалева.

За овие две договори сведокот Стардалева, посочи дека УЈП утврдила дека данокот бил добро пресметан.

Директорката на МАА, рече дека Бојан Јовановски, повеќе од 15 години примал хонорари преку агенцијата што таа ја води.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Софче Гаврилова Ефремовска, а застапник на обвинението е Ивана Трајчева.

За случајот со невладината организација Меѓународен сојуз, основана од Бојан Јовановски-Боки 13, преку која според обвинението биле измамени бизнисмени за наводни центри за возрасни лица, обвинети се и Фросина Ременски, Христина Блажеска, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Јовановски е обвинет за измама и перење пари. Ременски е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ и Блажеска за помагање во измамата и перењето пари, Миле Јовановски се терети за помагање во перењето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје. Како правно лице обвинета е и невладината организација.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Боки 13 во „Меѓународен сојуз“: Измамник не враќа пари, бара земјиште, склучува договори – не сум виновен

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Ременски негира вина во „Меѓународен сојуз“, ја обвини обвинителката Трајчева за злоупотреба на службената положба

Кристијан Ландов

Адвокатот на Јовановски тврди дека се невини: Ај вие со измама земете му на Силјан Мицевски пари, да видиме дали ќе ги добиете

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) „Меѓународен сојуз“: Пеливанов побара Боки 13, Ременски, Ерцеговиќ и остантите да бидат осудени

Кристијан Ландов

Што кријат пораките на Боки 13 со осум високи функционери, судијката треба да одлучи дали ќе се читаат

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тензично судење за „Меѓународен сојуз”, расправии помеѓу Боки 13 и судијката за пораките од телефонот

Кристијан Ландов