ВИДЕО: Солиден настап на Васил Гарванлиев, но нашиот претставник не влезе во финалето на „Евросонг“

Од:

Македонскиот претставник Васил Гарванлиев вечерва имаше сигурен и солиден настап во првото полуфинале на „Евросонг“.

Гарванлиев настапи под реден број шест со песната “Here I stand”, се појави сам на сцената и изведе соло кореографија, но не успеа да се пласира во финалето на годинешното пандемиско издание на изборот на песна на Евровизија.

Манифестацијата, 65-та по ред, се одржува во Холандија. За влез во финалето гласаа сите земји-членки на Евровизија, без право на глас за претставникот на сопствената земја.

Завршниот дел од годинешниот „Евросонг“ ќе се одржи во сабота, на 22 мај, а таму од првата полуфинална вечер се пласираа Шведска, Русија, Норвешка, Азербејџан, Малта, Кипар, Литванија, Израел, Белгија, и Украина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холанѓанецот под истрага на ЕБУ зошто удрил член на израелската делегација на Евровизија

Предраг Петровиќ

Драма во Малме: Претставничката на Израел на Евровизија предупредена да не го напушта хотелот

Предраг Петровиќ