Шериф Реџеповски e малолетникот што во саботата беше претепан од групата која имаше неуспешен обид да организира анти-геј парада.
Претепаното момче, за Алсат изјави дека бил нападнат без никаква причина додека се движел низ плоштадот. Според Реџеповски, неговите родители побарале спроведување на законот за овој случај и да се идентификуваат напаѓачите кои се снимени од камерите кои се наоѓа во центарот на Скопје.
Групата откако стигна на плоштадот го нападна малолетникот и уште тројца момчиња со тупаници и клоци, а веднаш потоа со трчање се упатија кон Градскиот Тгровски Центар.