Њузвик: Пентагон создал „тајна армија“ од 60.000 луѓе

Од:

Во изминатата деценија Пентагон создал досега невидена тајна армија од десетици илјади војници, изведувачи и цивили кои дејствуваат тајно на терен и во сајбер-просторот, се вели во истражувањето што го објави американскиот неделник Њузвик.

Списанието објави ексклузивен материјал за „овој таен свет… од малку познатите сектори на американската армија“, составен од над 60.000 луѓе.

Истражувањето е плод на двегодишна работа и испитување на повеќе од 600 резимеа и околу илјада огласи за работа, но и интервјуа со луѓе вклучени во оваа програма и со луѓе кои носат одлуки. Медиумот побарал и откривање на документи според Законот за слободен пристап до информации.

Програмата е наречена „намалување на видливоста“ (signature reduction). Терминот може да се протолкува и како „намалување на признаците на демаскирање“ и може да се користи за „опишување мерки за оперативна безбедност“. Во програмата учествуваат повеќе од 130 приватни компании кои годишно трошат повеќе од 900 милиони долари за да ја сервисираат „тајната армија“.

Според програмата, агенцијата на военото разузнавање на САД ги следи терористите од воените фронтови од Пакистан до Западна Африка, но сѐ почесто работи и во непризнатите жешки точки како Северна Кореја или Иран.

Најголемо внимание се посветува на работата на интернет, каде измислените ликови на кибер воините собираат податоци. Офицер во оставка за изданието укажа дека никој целосно не е запознат со големината на програмата.

-Од почитувањто на Женевската конвенција, ако војникот кој работел под лажен идентитет е заробен, до надзорот на Конгресот, сѐ е проблематично, наведува изворот. Се укажува дека желбата да се стане што е можно поневидлив за непријателот не само што сокрива што САД работат низ целиот свет, туку и дека го отежнува решавањето на конфликтите.

Разгорената сајбер-војна на Пентагон придонесе да се појават десетици илјади шпиони, кои работат секојдневно со лажни идентитети на терен или по социјалните межи. Од друга страна, САД веднаш се жалат акo слични злонамерни операции се правени од руски или кинески шпиони, пишува Њусвик.

Би можело да ве интересира

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија

САД испраќаат голем пакет помош за Украина

Американскиот секретар за одбрана: За 1.000 дена војна Путин не постигна ниту една стратешка цел