Командант на исламски џихад убиен во израелски напад на Појасот Газа

Од:

Висок командант на Исламски Џихад е убиен во денешниот израелски воздушен напад врз куќа во Бејт Лахија во северниот дел на Појасот Газа, јавија палестински медиуми, по што потврди и израелската армија.

Како што е наведено, Хусам Абу Харбид ги водел операциите на организацијата во северна Газа.

Исламски Џихад не ја потврди веднаш веста за неговата смрт.

Израелските медиуми јавуваат дека Абу Харбид бил на таа позиција од крајот на 2019 година, откако неговиот претходник Бахау Абу ал Ату исто така беше убиен од израелската армија.

Во меѓувреме, Министерството за здравство во Појасот Газа соопшти дека бројот на убиени Палестинци во Газа се искачи на 198, од кои 58 се деца, а има околу 1.300 повредени.

Не е наведено колку членови на Хамас и други екстремистички организации биле убиени, коментираат израелските медиуми.

Израелската армија синоќа изврши тешки напади удари во Појасот Газа, кои, според жителите на таа енклава, се најсилни од почетокот на конфликтот, почнат пред една недела.

Во военото соопштение се наведува дека ноќеска биле гаѓани 35 цели во период од 20 минути, а 54 борбени авиони истрелале околу 110 прецизни проектили и уништиле 15 километри подземни тунели на Хамас, а погодени биле и куќи на девет команданти на Хамас.

Во военото соопштение исто така се вели дека командантот на Исламски Џихад, кој беше убиен денеска, 15 години ги предводел нападите врз израелски војници и цивили и дека тој исто така бил директно одговорен за истрелување на антитенковска ракета минатата недела и за ранувањето на израелски цивил.

Би можело да ве интересира

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан

Израел и Хезболах продолжуваат да се борат и покрај преговорите