Помалку од 500 пациенти се лекуваат во ковид-центрите во земјава, во Скопје имало шест приеми

Од:

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани шест нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 204 лица се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Вкупната бројка пациенти кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 490 и има околу 750 празни болнички кревети.

Поради намалениот број пациенти, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники немало приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало два примени пациенти и чртворица биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Во изминатите 24 часа дома се пуштени осум оздравени пациенти.

Во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 47 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 78 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 78 пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на Ковид 19 вирусот.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 286 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во болницата во Битола е хоспитализиран 31 пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани 33 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 6 пациенти, во Велес се лекуваат 33 болни, а во Куманово 51 пациент.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 30 пациенти, во Прилеп 22, во ковид центарот во Гостивар 11, а во Струга 16 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 15 пациенти, во Кочани 15 во Кичево 9, Кавадарци 10, а во Гевгелија 4 лица.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски