Николоски: Не очекувам нови кадри или идеја од конгресот на СДСМ што ќе ја извади Македонија од тешката криза

Од:

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски при денешната посета на општина Карпош во однос на денешниот конгрес на СДСМ истакна дека конгресот е внатрепартиска работа на СДСМ, но дека не очекува ништо ново, нови кадри или некоја нова идеја што ќе ја извади Македонија од здравствената и економска криза.

„Па тоа е внатрепартиска работа на СДСМ и јас не очекувам ништо ново, не очекувам дека ќе има некоја нова идеја која што ќе ја извади Македонија од оваа здравствена и економска криза за жал во која што се наоѓа ниту очекувам дека некои вонредно чесни кадри ќе има како нови решенија во СДСМ напротив очекувам да Зоран Заев се капсулизира односно да си постави свои послушници околу себе, сум кажал и претходно ќе повторам и денес мислам дека не е работа на ВМРО-ДПМНЕ да се занимава со СДСМ ниту е работа на СДСМ да се занимава со ВМРО-ДПМНЕ како што се обидуваше тоа да го прави во изминатиот временски период видовме дека не успаа и нема да успеваат и понатаму во иднината фигуративно кажано сега мечката игра во нивниот двор имено се говори за независни листи од страна на незадоволни членови од СДСМ како и за формирање на нова политичка партија но тоа е работа на членовите на СДСМ нека си го решаваат тој проблем помеѓу себе“, нагласи Николоски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ