Во Пефкохори, плажите се отворени, но празни, а маските се задолжителни

Од:

Голем број кафулиња, ресторани, апартмани и хотели во Пефкохори се уште се затворени, а плажите се подготвени, но празни, пишува денешен „Блиц“. Дождот паѓал во текот на целиот ден, па оттаму недостигала и навала на туристи.

Локалните угостители за „Блиц“ изјавиле дека се подготвени за сезоната и дека допрво ги очекуваат првите туристи. Сепак, вниманието поради коронавирусот и понатаму е присутно и се води сметка околу мерките. Маските се задолжителни секаде, освен на плажите и во угостителските објекти додека се јаде и се пие.

„Мерките се такви, маските се задолжителни и на отворено и на затворено. Единствено можат да се извадат во кафулињата и во рестораните“, изјавил еден угостител.

Казните за неносење маски се строги – изнесуваат дури 300 евра.

„Токму поради тоа поголем број од луѓето носат маски“, вели друг угостител за „Блиц“.

Впечатокот бил дека Пефкохори во моментов живее во исчекување, пред се да се подобри времето, за да почнат да доаѓаат туристи. За следните денови најавени се повисоки температури.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески