Легендарниот пејач Ѓорѓе Марјановиќ почина во текот на денот како последица на коронавирусот, пренесуваат српските медиуми.
Познатиот музичар бил приклучен на респиратор и лекарите се бореле за неговиот живот во последниве денови.
Марјановиќ инаку е еден од поранешните најголеми југословенски и српски музички ѕвезди чија кариера траеше повеќе од половина век.
Тој има бројни хитови, а „Лазарела“, „Романа“ и „Моје лудо срце“ се само дел од нив.