Екстрадиран од Брисел во Атина осудениот европратеник од Златна зора

Од:

Од Брисел во Атина попладнево беше екстрадиран европратеникот на Златна зора Јанис Лагос, осуден на 13 години и осум месеци затворска казна, по европската потерница издадена од грчките власти, јави дописничката на МИА од Атина.

Лагос, авионски пристигна од Брисел, по што беше одведен во надлежниот суд во Атина, а оттаму во затворот Домокос каде ќе ја издржува казната.

Портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони рече дека „Грција се бореше и го елиминираше токсичниот отров на Златна зора“, но не треба да има смиреност, бидејќи потребена е континуирана битка за да не се повторат таквите појави.

-Грчките власти непосредно и координирано реагираа веднаш за издавање на европската потерница и за екстрадицијата на Јанис Лагос со цел да ја издржи казната. Но, потребна е континуирана битка за грчката демократија никогаш повеќе да не се соочи со такви појави, рече Пелони во писмената изјава.

Атинскиот суд, во октомври мината година, ја донесе пресудата за членовите на Златна зора, осудени за водење криминална организација, а 48-годишниот Лагос доби 13 години и осум месеци затворска казна.

Лагос како член на Европскиот Парламент имаше имунитет, кој на крајот на април му беше одземен, по што и грчките власти издадоа европска потерница, а белгиските власти го уапсија.

Би можело да ве интересира

Идентификувани уште шестмина за упадот на изложбата во Солун на македонскиот уметник Андреевски

Катерина Ѓуровски

Андреевски за индицентот во Каламарија: Политиката се обиде да ја победи уметноста

Горан Наумовски

Во САД реакции за упадот на изложбата на македонски уметник во Солун

Ана Ололовска

Прелиминарна истрага на Обвинителството во Солун за упадот на изложбата на Андреевски

Ана Ололовска

СИРИЗА Солун го осуди инцидентот на изложбата на Андреевски и бара полицијата да ги уапси сторителите

Горан Наумовски

Скерцос: Никаква толеранција за паравоени нацистички групи, за беззакокине и за заплашување на граѓаните