Претрес во Гази Баба, приведен дилер на дрога

Од:

На подрачјето на Гази Баба вчера полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.И.(32) од Скопје. При претрес во неговиот дом и други простории, извршен по добиена судска наредба од Кривичен суд Скопје, биле пронајдени и одземени марихуана и вага.

Како што информираат од МВР, Б.И. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен поднесок за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по член 215 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

Во Србија фатен бугарски државјанин со над три килограми дрога

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

Медведев: Приказната за дрогата е изговор, вистинската цел е венецуелската нафта

Податоците од САД ги побиваат тврдењата на Трамп: Кокаинот во САД не доаѓа од Венецуела

Мадуро: Време е за разговори со САД за борба против дрогата