Гутереш повика на итен прекин на непријателствата во Израел и во појасот Газа

Од:

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, повика на итен прекин на непријателствата во Израел и Појасот Газа, изјави портпаролот на ОН, Стефан Дижарик.

„Генералниот секретар апелира до двете страни веднаш да ги запрат борбите во Газа и Израел“, рече Дижарик.

Тој истакна дека ОН се подготвени да помогнат во израелско-палестински договор врз основа на релевантни резолуции на ОН, меѓународно право и билатерални договори, со помош на други медијатори, вклучувајќи ги Русија, САД и Европската унија.

Дижарик исто така потврди дека ОН се вклучени во напорите за обезбедување на потребната хуманитарна помош на загрозеното население во Газа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ликвидиран командант на Хезболах, главниот играч во снабдувањето со оружје

Хезболах лансираше „голем ракетен бараж“

Комеморација на жртвите на фестивалот на кој нападна Хамас

Хезболах: Нема место за Израел во регионот

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Една година по нападот на 7 октомври: илјадници мртви, милиони раселени, Блискиот исток е пред општа војна

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток