Сестрата на 33-годишната пациентка Ирена Костовска, која почина откако ѝ беше изваден миом од матката на Гинеколошко-акушерската клиника, го објави болничкото отпусно писмо, во кое се наведени четирите операции на кои била подложена.
Во статусот, сестрата на починатата жена дава нови информации за тоа како се одвивал случајот и кои се можните причини за фаталниот исход, барајќи одговорност од лекарите.
Комисија што ќе ја формира министерот за здравство, Венко Филипче, ќе утврдува дали има лекарска грешка во случајот.