(ВИДЕО) Петрушевски: Нема никаква одговорност за затруените дечиња од директорката и свекрвата на Царовска одговорна за хигиената

Од:

„Веќе неколку дена нема одговорност за директорот и одговорните лица во градинката Ангел Шајче во Куманово, каде со храна беа затруени педесетина дечиња, од кои поголемиот дел се лекуваат во домашни услови, а 3 од нив се борат со заразата на државните клиники.

Молчи директорката на градинката, но и одговорните за хигиена. Молчи свекрвата на Мила Царовска, која е одговорна за хигиената, за што е задолжена како медицинско лице“, рече Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

„Јавноста бара одговори, а директорката на градинката и свекрвата на Царовска молчат. Се уште е нејасно од што конкретно настанала заразата.

Првичен сомнеж е дека храната содржела салмонела, но и се претпоставува дека е причинета од недоволна хигиена.

Одговорни за градинката покрај градоначалникот Максим Димитриевски е и Министерството за труд и социјална политика. Имено, Мила Царовска како министер за труд и социјална политика претходно му ги одзеде ингеренциите на Максим Димитриевски. Директно надредено над градинката е Министерството за труд и социјална политика.

Дали градинката Ангел Шајче каде настанало труењето на дечињата во Куманово е под заштита на Царовска?

Дали директорката на градинката и свекрвата на Царовска се под заштита на Мила Царовска?

И дали затоа никој не презема одговорност за случајот?

Што треба да се случи за роднините и блиските на Царовска да преземат одговорност?

Уште колку животи треба да се загрозат?

Затоа итно бараме оставка од директорката на градинката и од свекрвата на Царовска. Одговорност веднаш“, изјави Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски