ВМРО-ДПМНЕ: Продолжува насилството и самоволието на режимот во насока на рушење на образованието

Од:

„Се уште нема одговор дали дигитализацијата како проект не потекнува од хрватски контакти на Мила Царовска? Се уште нема одговор дали овој зафат нема да чини 120 милиони евра од македонскиот испразнет буџет?

Се уште нема одговор колку советници, соработници лица и здруженија ќе бидат ангажирани и по кои критериуми ќе бидат избрани? Се уште нема одговор на клучното прашање, во која држава од ЕУ се укинати печатени учебници, односно која држава престанала да печати учебници“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

„Се уште нема одговор како “мултимедијалните содржини” ќе бидат достапни на над 25.000 деца од социјално ранливите семејства? Се уште нема одговор за кои тоа учебници и содржини во нив од МОН под Царовска најавуваат “брзи измени”, како и по чиј тоа диктат брзо ќе менуваат содржини, откако учебник ги мине сите филтри за користење?

Ова што на сила го туркаат Мила Царовска и режимот на Зоран Заев не е реформа туку хибриден експеримент поттикнат од можност за нови провизии и можност за бришење на научни и историски факти по политички налог на режимот.

Законот за учебниците по историја, законот за наставен надар во основните и во средните училишта, законот за бирото за развој на образованието се дел од скандалозната реформа со кои власта се обидува да спроведе деноминација и обезличување на македонската иднина со бришење на минатото“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски