Две малолетни деца кои привремено беа одземени од родителите и се наоѓаа под надзор на социјалната служба на Франција, се удавија во езеро во близина на хотелот во кој што живееја, соопшти денес канцеларијата на Обвинителството.
Во езерото, во близина на хотелот пронајдени се вкупно пет деца на возраст од три и осум години, од кои две се борат за живот.
До трагедијата дошло поради тоа што децата кои биле сместени во ефтин хотел на индустриски имот во североисточно предградие на Франција, биле оставени без надзор, пренесе „Франс прес“.
Децата потекнувале од три различни семејства, а за нив привремено се грижела социјалната служба, бидејќи нивните самохрани мајки биле на лекување поради психички проблеми.
Елена Георгиевска