Јорданов поднесе кривична против градоначалникот на Штип: Набавил систем за зонско паркирање од 3.5 милиони денари, а Кочани плаќа за истата услуга 150 илјади денари

Од:

Денес поднесуваме пријава против СВР Штип, отсек економски криминал за основано сомнение за извршено влијание и сторен криминал од страна на градоначалникот на Штип при неодамнешното склучување на договор за наплата на паркинг во општина Штип по пат на СМС, рече Иван Јорданов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

„Она што можевме да го кажеме на претходната прес конференција, а денес го елаборираме на граѓаните е превисоката проценета вредност на склучениот договор и еве за јавноста ќе приложам еден договор од една соседна општина Кочани, која за ист таков договор со друго претпријатие, односно друга компанија која што наплаќа паркинг по пат на СМС, наплатило, односно склучило договор во цена од 150.000 денари.

За разлика од општина Кочани и јавното претпријатие во општина Кочани, општина Штип на чело со градоначалникот Сашко Николов склучило договор на проценета вредност од 3.500.000 денари. Ако ја погледнете неговата изјава дека во општина Штип се планираат зголемени паркинг места, можете да заклучите дека станува збор за манипулативен одговор, затоа што општина Кочани со три пати помалку паркинг места склучила договор за само 150.000 денари.

За разлика од општина Кочани, општина Штип со три пати повеќе паркинг места склучила триесет пати поголема цена за склучување договор за наплата на паркинг. Повторувам, триесет пати поголема цена компаративно со општина Кочани. Ова е случај кој што се надевам дека надлежните институции и МВР ќе го истражат и се надевам дека ќе се елаборира на јавноста за што станува збор и дали постојат индиции за сторен криминал“, изјави Иван Јорданов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски