Скопјанец обвинет за употреба на фалсификувана потврда за ПЦР тест

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 21-годишниот скопјанец за употреба на фалсификувана потврда за ПЦР тест.

Како што соопшти Јавното обвинителство, на 24 април, 21-годишниот скопјанец се обидел да замине за Истанбул со лет од Меѓународниот аеродром – Скопје, употребувајќи фалсификуван сертификат за негативен ПЦР тест за SARS-CoV-2 вирусот.

-Скопјанецот иако знаел дека не се тестирал во наведената лабораторија и оти таков сертификат не е издаден на негово име, осомничениот пред аеродромските службеници ја прикажал лажната исправа како вистинска, соопшти Обвинителството.​​

Би можело да ве интересира

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Почна постапката за избор на наследникот на Ислам Абази

Горан Наумовски

Тошковски за аферата „Мазут“: Се надевам ЈО ќе собере храброст и професионално ќе се посвети на сите детали

Нови докази од истрагата за „ботоксот“: Обвинителството покрена истрага против две лица

Обвинителство: Обвинителката Џабирова Велков во случајот „Тотал“ морала да изврши преквалификација на обвинението

ОЈО Скопје бара мерки на претпазливост за три лица за насилство врз дете во Маџари