Приведени три лица од гостиварско за недозволена трговија со хероин

Од:

Во атарот на гостиварското село Врапчиште, вчера, околу 15:30 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар ги лишиле од слобода О.Б.(39) од гостиварска Долна Бањица, 38-годишната гостиварка В.С. и А.М.(52) од с.Врапчиште.

Како што соопшти МВР, при нивен и преглед на возилото „опел вектра“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од О.Б., во кое В.С. и А.М. биле сопатници, им бил пронајден хероин.

-Тројцата се задржани во Полициската станица Гостивар и со соодветен поднесок за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ денеска (11.05.2021) ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Гостивар, наведуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

(ВИДЕО) Спречен е транспорт на дрога во близина на Градско, уапсени се две лица

Разбиена мрежа за дрога – повеќе од 100 уапсени во Украина, Полска и Молдавија

А1он

Филипче: Немам врска со било која фирма за марихуана, власта прави дефокус од скандалот со 5 тони дрога

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он