Од 23.00 часот вчера вечер до 05.00 часот утрово констатирано е дека 15 лица не ја почитувале забраната за движење, информира Министерството за внатрешни работи.
Во текот на изминатото деноноќие пак, на територијата на Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 449 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид-19.