ВМРО-ДПМНЕ: Другарката на Зорица Заева уби пациентка, Филипче кога се негови блиски вообичаено, ниту гледа, ниту слуша

Од:

„Почина 33-годишна родилка на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје со која директорува другарката на Зорица Заева, сопругата на Зоран Заев.

Огромна лекарска грешка, пациентката починува, но се разбира како ништо да не се случило. Зошто? Затоа што таа е пријателка на жена му на Заев, а кога некој е пријател на фамилијата, пријател на Венко Филипче зборот одговорност не постои“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Директорката пак, Викторија Јовановска како да не знае да прави ништо друго освен грешки. На стартот на директорскиот мандат се „прослави“ со починати новороденчиња, а сега почнаа да и умираат родилки.

За Филипче, Заев и нивната банда постои само бегање од лицето на правдата, заобиколување на законите.

Но, ова не е прв, очигледен ни последен случај да се молчи и виновниците да не излезат пред лицето на правдата.

Минатата година родилка од Дебар која замина во болница да се породи остана без три органи. Исто постапување или во превод одговорност нема.

Има само игри во кои Филипче се обидува да ги скрие грешките на блиските со кои има исти интереси, а тие грешки чинат живот.

Играта која започнува со формирање на комисии, повикување на надлежните служи само за замајување на јавноста.

Комисиите и ниту една надлежна институција не може да го спаси Филипче од одговорност“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ