Фатени тетовски тинејџери, ноќе палеле контејнери

Од:

Тројца малолетници од Тетово ќе одговараат за намерно палење контејнери во текот на минатиот месец во градот, информираат од полицијата. Против тројцата млади потпалувачи се поднесени кривични пријави три различни дела, информираат од СВР Тетово.

„Секторот за внатрешни работи Тетово ja расчисти серијата пожари на контејнери кои се случија минатиот месец во Тетово и изготви соодветен поднесок (известување) до Основното јавно обвинителство Тетово против тројца малолетници на возраст од 15 и 16 години од Тетово, а поради сомнение дека сториле три кривични дела: „предизвикување општа опасност“, „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ и „загадување на животната средина и природа“, казниви по членовите 288, 206 и 218 од Кривичниот законик“ информира портпаролот Марјан Јосифоски.

Според полицијата, тројцата тетовски тинејџери, на 18 и 28 април годинава, додека беше во сила полицискиот час, навечер ги палеле контејнерите на неколку локации на улиците „Благоја Тоска“, „107“ и „Илинденска“ во градот, прекршувајќи ја притоа и забраната за движење.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари