Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја прифати оставката на премиерот Рами Хамдала, кој беше на оваа функција помалку од еден месец, пренесува Би-Би-Си.
Хамдала во четвртокот поденесе оставка поради „судир на конфликти“ во неговиот кабинет, тврдат владини извори.
Академикот и политички независниот Хамдала беше избран за премиер на почетокот на овој месец и даде заклетва на 6-ти јуни. Тој го замени Салам Фајад, кој си замина поради длабоките недоразбирања со претседателот Махмуд Абас.