Демократски сојуз: Признание и бенефициран стаж за здравствени работници

Од:

Демократскиот сојуз предлага на сите здравствени работници додека трае пандемијата да им се пресметува бенефициран стаж, за 12 месеци ефективна работа да им се пресметуваат 16 месеци, со зголемен процент да им се пресметува пензиската основа, а да се разгледаат и други погодности, како повеќе денови за годишен одмор и сл.

„Воедно предлагаме Собранието на Македонија да донесе резолуција за трајно одбележување и признание на здравствените работници за несебичното ангажирање и пожртвуваност за време на пандемијата и придонесот што го имаат во заштитата на инфицираните од коронавирусот и заболените од Ковид-19, лекарската грижа и изложувањето на себе си и на семејствата е огромна опасност по здравјето.

Демократскиот сојуз иницира расправа за овие предлози и очекува Владата и Собранието да ги преточат во соодветни законски решенија.

Истовремено, апелираме најавеното зголемување на платите за здравствените работници да се реализира што е можно побрзо.

Инаку, соодветен респект заслужуваат и вработени во други области, како што се припадниците на полицијата, трговските работници во малопродажбата итн“, се вели во соопштението на Демократски сојуз.

Би можело да ве интересира

Демократски сојуз: За независна и самостојна Македонија беа Македонците и припадниците на националните малцинства

Демократски сојуз: Институциите мора да реагираат навремено и ефикасно

Демократски сојуз: Судството мора да испорачува правда, а не привилегии за моќниците

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Потезите на ДУИ се закана за стабилноста на државата

Горан Наумовски

ДС: Протестите за јазикот се политички мотивирани, потребно е уставно решение

Демократски сојуз бара да се забрани производство на марихуана