ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не сака ниту вакцини, ниту нов Клинички, сака само провизии

Од:

„За Филипче и Заев приоритет се провизиите, а не здравјето на граѓаните. Тие не успеааја да направат ништо, освен да уништуваат и пљачкаат.

Последна во низата пљачки е онаа со изградба на нов Клинички центар. Но, на сите им е јасно дека не станува збор за никаков проект за нов Клинички центар, туку за физибилити студија со која Филипче сака да земе заем од повеќе од пола милијарда евра, пари кои треба да ги враќаат граѓаните“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„И Филипче наместо да мисли како да земе провизија, нека мисли како да направи проект за нов клинички, па потоа да бара пари. ВМРО-ДПМНЕ е за нов Клинички центар, но не е за пљачка на граѓаните.

Додека сите држави вакцинираа, Филипче мислеше како да земе провизии за што има докази дека уплатил 7,8 милиоми евра на фантом фирма од Хонг Конг. И така граѓаните почнаа да се вакцинираат неколку месеци подоцна од граѓаните во другите европски држави.

Филипче треба да прекине да мисли на провизии. Филипче треба да ја напушти функцијата, а потоа и да одговара за направените штети!“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ