А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Состојбата со Ковид-19 се смирува, над 500 илјади вакцини ќе пристигнат месецов, колективен имунитет до крајот на летото

by А1он10/05/2021 - 08:38204
Share0

Колективен имунитет до крајот на летото, очекува министерот за здравство Венко Филипче. Тој, очекува со сите вакцини што треба да пристигнат во земјава, до крајот на летото да се постигне колективен имунитет. Министерот нагласи дека сите вакцини се безбедни и нема потреба граѓаните да преферираат една наспроти друга вакцина.

Следете a1on на Instagram Instagram

Посочи дека се става приоритет на тие кои покажале интерес за вакцинација и затоа апелира граѓаните да се пријават на сајтот и да ги има во системот „Мој термин“ за да може понатаму да се креираат тие приоритети.

Министерството за здравство информира дека заклучно со завчера вакцинирани биле вкупно 107.978 граѓани, а на веб-платформата „vakcinacija.mk“ се пријавиле 279.909 лица.

Нагласуваат дека интересот за вакцинација секојдневно се зголемува.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Во државата вкупно се аплицирани 130.878 дози вакцини, а ревакцинирани се 22.900 граѓани. Со последните бројки околу 30 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, соопштија вчера од Министерството за здравство.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Во последниот период состојбата со Ковид-19 се смирува, а тоа го покажуваат бројките на Институтот за јавно здравје. Вчера беа регистрирани нови 135 случаи на заразени со коронавирусот од направени 1.993 тестирања, или 6,7 отсто, 14 починати и 298 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 740.005 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.026, бројката на оздравени пациенти е 137.962, на починати е 5.093, а бројот на активни случаи изнесува 10.971.

Најмногу активни случаи има во Скопје – 5047, Куманово – 877, Битола – 701, Прилеп – 449, Тетово – 447,

Охрид – 401. Во другите градови се под 400 активни.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 760 и има околу 915 празни болнички кревети во ковид центрите. Во болниците низ државата се лекуваат 436 ковид-пациенти, а во главниот град 324.

Според извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, вчера во болницата во Битола беа хоспитализирани 51 пациент позитивен и суспектен на Ковид 19, во Штип 52, на инфективното одделение во Тетово има 11 пациенти, во Велес се лекуваат 50 болни, а во Куманово 53 пациенти. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 50 пациенти, во Прилеп 39, во Гостивар 15, а во Струга 16 болни, во Струмица 40 пациенти, во Кочани 19, во Кичево 9, Кавадарци 25, а во Гевгелија 6 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во ковид центрите во Скопје вкупно се лекуваат 324 лица.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 115 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 96 пациенти, додека на Институтот за белодробни заболувања кај децата-Козле има 8 пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на Ковид 19 вирусот. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 5 болни.

Од Министерството за здравство потенцираат дека бројот на приеми во изминативе денови се намалува. Во скопските ковид-центри има 350 слободни места.

МВР во претходното деноноќие регистрира пет прекршувања на забраната за движење и 522 прекршоци за неносење лична заштита на лице.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за да се спречи ширењето на коронавирусот.

koronavirus mkd

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски17/09/2024 - 10:5417/09/2024 - 11:02

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски18/08/2024 - 18:2018/08/2024 - 18:27

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Катерина Ѓуровски12/08/2024 - 14:58

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Катерина Ѓуровски04/01/2024 - 10:47

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on08/05/2023 - 14:3308/05/2023 - 14:57

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски23/03/2023 - 12:0023/03/2023 - 12:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео