Пациентите на дијализа и оние со трансплантации како врвен приоритет за вакцинирање, ќе добијат термини викендов

Од:

Здравствените работници почнале да ги контактираат лицата со хронични болести за да бидат вакцинирани. Министерот за здравство Венко Филипче, очекува таа постапка да заврши претстојниот викенд.

„Во однос на хронично болните се прават контакти. Се подготвуваат списоци. Врвен приоритет се лицата со трансплантации и оние кои одат на дијализа. Очекувам таа постапка да заврши викендов. Останатите ќе одат по систем на пријавување“, рече министерот Филипче.

Лицата со други хронични болести треба да се пријават на vakcinacija.mk и да чекаат термин согласно возрасните групи. Министерот Филипче вели дека во периодот што следи приоритет ќе се даде на вакцинирање на возрасните гупи и хронично болните, а сосема мал дел од капацитетите ќе биде наменет за вакцинирање на критичната инфраструктура, односно вработените во институциите неопходни за функционирање на државата.

Тој денес веќе извести дека термини за вакцинирање добиле сите министри оти Владата одлучила да се вакцинира веднаш по вакцинирањето на Собранието.

Вакцинацијата кај нас почна на 17 февруари со вакцинирање на здравствените работници од ковид – центрите. Доега се дадени 104.000 дози вакцини, а околу 24.000 граѓани веќе ги добиле двете дози од вакцината за заштита од Ковид – 19.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски