Филипче: Примив вакцина на „Синофарм“, сите министри добија термин за вакцинирање

Од:

Министерот за здравство, Венко Филипче, денес ја прими вакцината за заштита од Ковид – 19 од кинеската компанија „Синофарм“. Иако пред да стигнат вакцините ветуваше дека ќе се вакцинира со првата вакцина што ќе стигне во земјава, тој се премисли и повеќе од два месеца го одложуваше вакцинирањето.

„Вакцините се сигурни, безбедни, развиени на безбедни платформи. Несаканите ефекти се мали. Контраиндикации има за одредени посебни категории граѓани кои нема да примат вакцини, а препораките за нив ги влечеме од научни испитувања. Јас примив ’Синофарм’, рече министерот Филипче по вакцинацијата во салата „Борис Трајковски“.

Тој апелираше сите да се пријават за вакцина на vakcinacija.mk за што побрзо да добијат термин.

„Согласно тајмингот на пријавување сите ќе добијат известување преку СМС или мејл да се јават за вакцина“, објасни министерот.

Освен него, термини за вакцина во следните 14 дена добиле и сите останати министри оти нашата Влада одлучила дека треба да се вакцинира по вакцинирањето на Собранието, како институции кои се клучни за функционирање на државата.

Министерот Филипче, по вакцинирањето потсети на значењето на вакцината.

„Пандемијата не научи да бидеме сплотени во почитување на мерките за заштита и превенција од ширење на вирусот. Сега треба да бидеме обединети во давањето приоритет на вакцинација за да се смени сликата на пандемијата кај нас. Вакцината е нешто што сите го чекавме долго време, фактор да се смени сликата за пандемијата. Сега, соочени со една болест за која немаше вакцина знаеме што значи ако ја нема“, потсети министерот Филипче.

Покрај вакцинацијата по возрасни групи во тек е и вакцинација на критичната инфраструктура односно вработените во институциите кои ја менаџираат кризата или се директно изложени на вирусот.

Вчера биле вакцинирани околу 10.000 граѓани на сите вакцинални пунктови. Од почетокот на вакцинацијата дадени се вкупно 104.000 вакцини, а од нив околу 24.000 граѓани се целосно вакцинирани, односно ги примиле двете дози од вакцината.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски