ВМРО-ДПМНЕ: 25 илјади деца се во сиромаштија, а Царовска турка проект темелен на елитизам од 120 милиони евра за дигитални учебници

Од:

„За жал и денеска мора да нагласиме дека министер за образование на сила ги укинува учебниците и им ги зема книгите од раце на децата.

За жал и денеска мора да нагласиме дека во услови на растечка сиромаштија над 25.000 деца не посетуваат настава, немаат ниту струја во домовите, а не пак компјутери, а Мила Царовска безгрижно најавува само дигитализација“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„За жал и денеска мора да нагласиме дека наместо еднаквост, Мила Царовска како министер за образование турка проект за иднина темелена на елитизам- тој што нема, нема ни да учи, ниту да напредува. Никаде во светот нема укинато печатени учебници.

За жал и денеска мора да нагласиме дека Мила Царовска преку системот на Режимот на мафијата турка експеримент од 120 милиони евра, однапред договорен скап експеримент врз децата, а нема доблест да се сретне со родителите, со наставниците, со било кој што не верува во овој процес.

За жал и денеска мора да нагласиме дека со Македонија владее Режим на Мафија која што за провизии и лична корист газат вез човечки животи и ја одземаат иднината на децата“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ