Повеќе здруженија на бранители и семејства на загинити бранители, денеска потпишаа „Декларација на бранителите”.
По иницијатива на Форумот на безбедност, девет здруженија на бранители со декларација побараа никој да не ги дели, да им се признае она што го сториле во 2001 година и да не бидат злоупотребувани од страна на политичките партии.
Сите во Македонија треба да знаат, посочуваат од здруженијата на бранителите и семејствата на загинати бранители, дека бранителите се сложни кога ги бараат своите права кои државата со закони се обврзала да им ги штити.
На потпишувањето на декларацијата присуствува и претставници на Министерството за одбрана, како и третиот човек на армијата, генералот Димче Петровски.