(ВИДЕО) САД: Девојче од 6-то одделение во училиште застрела три лица

Од:

Ученичка од шесто одделение отвори оган во своето училиште во Ајдахо, на северозападот на САД и повреди три лица. Таа беше разоружана од страна на една наставничка.

Повредени се две деца и чувар во училиштето во градот Рагби.

Девојчето носело огнено оружје во ранецот. Точната возраст на детето не е соопштена, но во САД, шестоодделенците обично имаат 11-12 години. Напаѓачката е приведена, а ранетите се пренесени во болница и не се во животозагрозувачка состојба.

Шерифот на округот Џеферсон Стив Андерсон рече дека девојчето извадило пиштол од ранецот и испукало повеќе истрели внатре и надвор од училиштето во Рагби.

Една наставничка го разоружала девојчето и го држела сè додека полициските службеници не дошле и ја привеле, но полицијата не даде повеќе детали, освен дека го испитуваат мотивот за нападот и каде девојчето го пронашло пиштолот.

Ученикот Јандел Родригез вели дека седел во училницата, не знаејќи што ќе се случи.

„Бевме на час со наставникот и решававме задачи, кога одеднаш се слушна истрел, а потоа уште двапати. Слушнав врисоци. Нашиот наставник излезе да види што се случува, виде крв, опиша Родригез.

Повредените ученици се во болница, а еден од нив бил погоден во два екстремитети.

„Вистинско чудо е што не минале полошо, рече д-р Мајкл Лемон.

– На наставничката и беше укажана помош и пуштена е на домашно лекување, бидејќи куршумот поминал низ екстремитетот, додаде докторот.

Масовните пукања во САД се чести. Минатата година со огнено оружје беа убиени над 43.000 лица во земјата. Овој број вклучува и самоубиства со пукање, според веб-страницата „Архиви на огненострелно насилство“.

Би можело да ве интересира

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија