ВМРО-ДПМНЕ: Павлина Црвенковска во Судски совет е продолжена маша на Заев

Од:

„Павлина Црвенковска нема никаков кредибилитет да го води Судскиот совет. Нејзиното именување е класичен пример за партизација на судската власт и инсталација на Зоран Заев.

Прво, таа не е ниту компетентна ниту квалитетна да одлучува за избор и разрешување на судии, од проста причина што нема ниту ден стаж како судија“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Второ, таа е докажан партиски кадар на СДСМ кој голем дел од кариерата бил шеф на кабинет на Бучковски, функционер во владите на партијата на власт.

Трето, се поврзува со скандалозното пропаѓање на Еуростандард Банка, афера тешка стотици милиони евра во која оштетени се илјадници семејства. Имено нејзиниот сопруг, исто како и Заеви, зел кредит без соодветно покритие од Еуростандард банка, зел 1.6 милиони евра кои не ги вратил. Токму ваквите кредити ја пропаднаа банката и ги оставија илјадници семејства без своите заштеди и пари.

Сето ова покажува дека Павлина Црвенковска е типичен пулен на Зоран Заев кој по многу работи е идентичен како и менторот.

Со Павлина Црвенковска нема да има реформи во судството, туку по се изгледа продолжена маша на Заев и затоа потребно е веднаш да си поднесе оставка“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски