Основното јавно обвинителство – Скопје денеска до надлежниот Суд поднесе предлози за издавање казнени налози за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
– Обвинетите, во одвоени кривично-правни настани, не го почитувале важечкиот полициски час и за време на забраната определена како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот биле затекнати како се движат на различни локации. Притоа, не поседувале дозвола за движење, па биле запрени и легитимирани од полициски службеници, се наведува во соопштението.
Јавните обвинители за обвинетите му предложија на Основниот кривичен суд – Скопје да определи парични казни од по 100 дневни глоби при што висината на една дневна глоба да ја одреди на 20 евра во денарска противвредност.