Николовски: Срамота! 23.000 Македонци во Грција за викенд!

Од:

Александар Николовски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, револтиран од големиот број Македонци кои продолжениот викенд го минуваат во Грција на својот Facebook профил напишал:

„Над 23 000 Македонци во Грција само овој викенд. На граница се чека околу 1 час. Ако секој оставил по 100 евра, тоа се 2,5 милиони евра приход за Грција и минус за Македонија. Заради истата Грција следниот петок повторно нема да добиеме датум за преговори со ЕУ што е основен предуслов за посилна економија, повисоки плати, поголема вработеност и подобар животен стандард. Срамота! Поздрав од Охрид”, пишува Николовски.

Screenshot_8

Но, како што веќе беше објавено на социјалните мрежи и видни членови на ВМРО-ДПМНЕ заминаа да уживаат во Грција. Па останува нејасно за кого се однесува ова негодување на Николовски, дали и за неговите сопартијци кои и изминатите години беа сликани на грчките плажи.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО