Струмичкото обвинителство поведе постапка против осомничен за обид за убиство​

Од:

57-годишен жител на село Вељуса е осомненичен за убиство и против него е определена мерка притвор, информираат надлежните.

Осомничениот на 4 мај 2021 година, околу 8:30 часот во селото Вељуса, се обидел да го лиши од живот оштетениот кој се движел по главниот пат.

Без никаков повод или причина и без претходна вербална расправија, осомничениот со брзи чекори му се приближил од зад грб на оштетениот и со дрвен стап со должина од околу 1,50 метри започнал да го удира во пределот на главата и телото.

Кога оштетениот успеал да му го одземе дрвениот предмет, осомничениот иако бил свесен за штетните последици со нож со дрвена рачка и сечило од околу 20 сантиметри што го држел во другата рака, го прободел оштетениот во левата страна од половината.

Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител до надлежниот суд достави предлог за определување на мерка притвор за осомниченото лице. Предлогот беше прифатен од Судијата на претходна постапка при Основниот суд Струмица, па на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена, информираат од МВР.

Би можело да ве интересира

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски