По каснување од змија, едно лице од велешкото село Горно Јаболчиште е хоспитализирано.
35-годишниот земјоделски работник бил каснат од поскок во близина на селото Црешново додека собирал трева.
Велешанецот бил спасен со навремена реакција на брзата помош која му дала против отров.