Вчера околу 20,50 часот, во Куманово на ул.„Васил Главинов“ поради нерасчистени имотно-правни односи, Џ. М. (61) испукал два истрели од пиштол кон неговиот брат Н. М.(54) и Ф. М. (24), син на Н.М., но не ги погодил.
Од Џ.М. одземен е пиштолот кој го поседува без дозвола и од страна на СВР-Куманово во тек се мерки за целосно расчистување на случајот, по што против него ќе биде поднесена соодветне пријава.