Фејсбук и натаму не го пушта Трамп на платформата

Од:

Надзорниот одбор на Фејсбук денеска ја потврди одлуката за блокирање на сметката на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесоа светските агенции.

Фејсбук на неодредено време го блокираше пристапот на Трамп до неговите сметки на оваа социјална мрежа, како и на мрежата на Инстаграм, поради стравувања од идни немири по нападот на Конгресот на 6 јануари од страна на приврзаниците на Трамп.

Првиот човек на Фејсбук, Марк Цукерберг, изјави дека ризикот да му се дозволи на поранешниот претседател да продолжи да ја користи услугата што ја нуди компанијата е едноставно преголем.

Би можело да ве интересира

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари

Трамп: Нетанјаху сигурно знаел дека ќе има напад на 7 октомври

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп